Службен весник за време на вонредна состојба само во електронска форма

Од:

Издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредна состојба ќе се врши само во електронска форма.

– Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија” за време на вонредна состојба, издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ и објавувањето на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на траењето на вонредната состојба ќе се врши само во електронска форма, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на ЈП „Службен весник“.

Од таа причина, како што се посочува во соопштението, на сите активни претплатници кои службеното гласило го добиваат во печатена форма, ќе им се овозможи непречен пристап до изданието во електронска форма како и пристап преку мобилната апликација за што е потребно во најкраток можен рок да ги достават следниве податоци кои треба да бидат во согласност со бројот на претплати на печатеното издание: назив на фирма, име и презиме на корисникот, е-маил адреса.

Од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија ги информираат претплатниците податоците да ги пратат на е-маил [email protected]

Телефон за контакт: Централа – 02-55-12-400, Служба за претплата – 02-5512421; 02-5512422; 02-5512426; 02-5512427.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Кристина Јоакимовска е нов в.д. директор на ЈП „Службен весник“

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември