Екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири се уште заглавена на Косово

Од:

Со сослушување на сведоците продолжува судскиот процес против осомничените за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, се изјаснија дека не се виновни.
Екстрадицијата на прво и второ осомничениот во случајот Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ се уште е заглавена на Косово.

И покрај потпишаниот билатерален договор, косовските власти се уште не одлучиле дали на Македонија ќе и ги предадат двајцата осомничени, против кои во Приштина се води уште една постапка за недозволено поседување оружје.

Не се знае дали форензичарите од косовската полиција утврдиле дали оружјето пронајдено кај уапсените е истото со кое била извршено убиството кај Смиљковци.

Исмаиловиќ и Демири беа уапсени во март годинава во Приштина и оттогаш се во екстрадициски притвор.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски