Ексклузивна тура низ „Скопје Сити Мол“

Од:

Во тек се завршните работи на „Скопје Сити Мол“, модерен и урбан шопинг центар што ќе го доближи главниот град до современите светски метрополи.

Според сите светски стандарди во градежната индустрија „Скопје Сити Мол“ претставува максимално енергетски ефикасен објект, единствен од ваков тип во Македонија.

Внатрешното уредување ќе биде оригинално и за првпат видено на Балканот, со што трговскиот центар ќе биде допонително привлечен и неповторлив.

Своите први посетители ќе ги пречека на есен, но неговото отворање ќе значи и можност за вработување на приближно 2.000 луѓе.

Објектот е вреден 70  милиони евра и во првата година од своето работење се очекува да привлече повеќе од 7,5 милиони посетители.

Молот нуди мултиплекс-кино со 9 сали и 3-Д технологија, хипермаркет „Керфор“, сала за куглање со комлетен концепт за семјна забава и дружење, 1.300 места за паркинг, посебна патека за велосипедисти и пешаци како и богата понуда од најмалку 40 светски реномирарани брендови кои за првпат ќе се претстават во Македонија.

Во почетокот на јуни е назначен и директорот на овој грандиозен шопинг центар, Ивајло Иванов, во чие портфолио се вбројува најголемата европска групација „Шварц Груп“, функцијата извршен директор „Мол оф Варна“.

Тој е член и на Меѓународниот совет на Шопинг-центри како и на повеќе менаџерски тимови во неколку трговски центри ширум Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он

ФОТО: „Bo Bowling“ во Skopje City Mall

Ана Ололовска

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска

Ноќни линии на ЈСП на новогодишната ноќ според петочен распоред

Ана Ололовска