Екс директорот на УЈП Гури преку синот ги перел парите – му купувал локали и префрлал пари

Од:

Еден од осомничените во големата акција на МВР и Обвинителството утринава е поранешниот заменик директорот на УЈП, функционер на ДУИ Исмет Гури, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, откако третоосомничениот,раководно лице од УЈП, ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет.

Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 м2 во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства.

Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот.

Кривична пријава е поднесена против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело  „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

Утрово од страна на полицијата беа спроведени претреси на 7 локации. Уапсени биле три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. А за нив обвинителството бара да биде одредена мерка притвор.

При претресите беа запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми од кои 8 куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.“ велат од МВР

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг