„ЕкоГерила“ со жалба до Уставен против продолжувањето на рокот на Југохром

Од:

Граѓанското здружение „ЕкоГерила“ реагира на одлуката на Владата да го продолжи рокот на „Југохром“ за поставување на филтри во наредните две години. Одборот за протести на движењето ќе поднесе жалба до Уставниот суд, откако слушнале дека фабриката повторно добила дополнителен рок за исполнување на еколошките стандарди.

– „Југохром“ не само што не ги постави филтрите последните 10 години, кога на сила дојде задолжително поставување и интегрирање на филтрите, но продожи да ги труе околу 340.000 жители на Тетово, Гостивар и другите општини во овој регион. Животот на 340.000 жители е многу поважен од платите на 1.000 вработени, и Владата и државата се тие кон кои се плаќа данокот, а тие се должни да обезбедат соодветни услови за живот, соопштуваат од „ЕкоГерила“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ