Еко-здруженијата со четири барања пред Советот за безбедност против аерозагадувањето

Од:

Забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградби, се четирите конкретни барања за решавање на проблемот со аерозагадувањето со кои претставниците на еко-здруженијата ќе се соочат со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фејзула Спахија, во рамки на втората седница на Советот за безбедност, што вечерва се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Пред почетокот на вториот дел од седницата на Советот за безбедност, претставниците на Здружените граѓански иницијативи и организации рекоа дека ова е последната врата каде влегуваат да разговараат за проблемот со аерозагадувањето и доколку тоа не вроди со плод останува улицата.

Душко Груевски од Коалицијата Еко фронт – Битола истакна дека се тука на соочување, со тие што не лажеа, особено со министерството за животна средина.

– Сметам дека имаме многу да си кажеме, поготово со МЖСПП за сите нивни лажни ветувања во сите изминати години. Така што верувам кога ќе излеземе ако случајно има некаде простор да кажеме што се случи, но во секој случај дојдовме да се соочиме со тие кои не лажеа сите изминати години. Роковите се изминати. Повеќе рокови не даваме, немаме потреба да даваме, бидејќи тие си дозволија да стигнеме до овде. Сега доаѓаме само да им кажеме дека не беа коректни и дека треба конечно да преземат нешто, ако не на улица и ништо друго, рече Душко Груевски.

Според еко активистите, причината зошто е свикано ова на Советот за безбедност за првпат, е што секоја година има над 3.000 жртви од аерозагадувањето.

Аријанит Џафери од Еко герила рече дека тука се со конкретни барања и со конкретни предлози до претседателот на државата и до Советот за безбедност за да се решаваат проблемите.

– Конкретно ние доаѓаме со четири барања. Да се види можноста за забрана на увоз на отпад, ние увезуваме многу отпад, а не можеме да си го менаџираме нашиот отпад што го произведуваме во нашата земја, така што тоа е едно од првите барања. Нормално ќе елаборираме повеќе внатре. Треба да се преиспитаат сите елаборати и дозволи за изградба на мини хидроцентрали во заштитените подрачја, во близина на заштитените подрачја или, пак, во близина на подрачјето каде што имаат влијание врз заштитените подрачја. Трето, Инспекцијата за животна средина да биде поддржана од полицијата исто како и УЈП низ целата територија на државата. И на крај, многу е важно да се врши контрола на целата територија во однос на дивоградбите. Овие се некои од проблемите кои ние сме ги идентификувале како најголеми проблеми, чинители и фактори за аерозагадувањето во државата, изјави Аријанит Џафери.

На првиот дел од седницата на Советот за безбедност беа разгледани тековните прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката. На седницата, покрај членовите на советот, присуствуваа и Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски