Екипи од Шумско стопанство „Голак“ во обиколка на теренот во Пасјак, кој беше зафатен со пожар

Од:

Екипи на ЈП Шумско стопанство „Голак“ од Делчево се уште го контролираат теренот во близина на месноста Пасјак, во делчевското село Истевник, местото каде на 20 август избувна пожар и зафати шест хектари боров насад, како и овошен насад кој се наоѓал во близина.

Пожарот бил пријавен истиот ден попладне, а во неговото гаснење учествувале вработени во ТППЕ Делчево, ЈПШС „Голак”, како и месно население.

– По претходна дојава примена на ден 20 август во 12:40 часот, екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, излезе на лице место во маало Пасјак с.Истевник, каде при забележаната појава на пожар интервенирано е со едно теренско возило и тројца пожарникари. Во пожарот зафатена е млада и стара борова шума како и овошен насад, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Површината која била зафатена од огнената стихија, изнесувала околу 60 декари, а целата интервенција траела повеќе од шест часа, по што пожарот бил ставен под контрола.

– Акцијата континуирано траеше нешто повеќе од шест часа, а отежнителна околност при гаснењето на пожарот беше појавата на ветар. Пожарот беше изгаснат околу 20 часот, по што нашите пожарникари се вратија во Делчево, велат од ТППЕ Делчево.

Во гаснењето на пожарот учествувале и шест лица од ЈПШС „Голак” и четири лица од месното население, а поради ризик од повторна појава на пожарот екипи од ЈПШС „Голак” Делчево останале во обиколка на теренот.

Се уште нема официјална информација за причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни