Екипа на Итната помош во Кривичен, на Јанева и се слошило

Од:

Во кривичниот суд пристигна екипа на Брза помош, бидејќи неофицијално, за време на распитот ѝ се слошило на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Во судот моментално се одлучува дали ќе биде одреден притвор за Јанева на барање на Јавното Обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на распит во Кривичниот суд за случајот „Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја”.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Јанева вчера беше повикана во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што даде изјава пред јавен обвинител. Првично таа во обвинителството беше повикана како сведок во случајот.

Во јавноста минатата недела излегоа видеоснимки и аудиоразговори како бизнисменот Орце Камчев им дава пари на Боки 13 и Зоран Кичеец, а во еден од разговорите се слуша и гласот на обвинителката Јанева, која му се обраќа на Камчев со зборовите „не се секирај сè ќе биде ок”.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов