ЕК: Преговарачките рамки ќе се објават „што е можно поскоро“

Од:

Европската Комисија (ЕК) сѐ уште не ги „финализирала“ преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќепати изјави дека тие ќе бидат се објавени во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролката Ана Писонеро, одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека „Комисијата сѐ уште работи на текстови на нацрт рамките“.

– Ги финализираме документите, немаме датум кога тие ќе бидат презентирани, но целта ни е тоа да биде што е можно поскоро, рече Писонеро.

Преговарачките рамки се најавуваат од почетокот на овој месец од страна на Европската Комисија. Тие нема да бидат достапни за јавноста, предупредија од ЕК, ќе се објави само соопштение. Овие нацрт рамки им се предаваат на земјите членки во Советот на ЕУ, кои потоа треба да ги одобрат, и евентуално модифицираат.

Според агендата на Советот, не се очекува тие да бидат на дневен ред ова лето, бидејќи во наредните недели интензивно се преговара за буџетот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Путин: Украина и Европа сè уште не се подготвени за компромис

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ