ЕК очекува Комисијата за 24. декември да продоли со работа

Од:

Европската комисија очекува Комисијата за собраниските настани од 24. декември во Република Македонија да продолжи со работа, поради досегашниот напредок и покрај веста за оставка на претседателот Борче Давитковски, вели Петер Стано, портпарол на ЕК, во изјава за дописникот на МИА по денешната вест дека Комисијата составена од независен претседател, по двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и двајца набљудувачи од ЕУ, заглавил при подготовката на заклучоците, што довело до оставка на Давитковски.

– ЕК ги виде извештаите во врска со писмото со оставка на професорот Давитковски, претседател на Комитетот за истрага на собраниските настани од 24 декември минатата година. Ние разбравме дека Комисијата постигнала напредок во работата и затоа е важно таа да продолжи со работа со цел да стигнат до заеднички договорени наоди и препораки за иднина. Тие препораки треба да бидат преведени во акција за да се обезбеди позитивна политичка агенда, потенцира портпаролот Стано.

Според гласноговорникот на комесарот за проширување Штефан Филе, Европската комисија е подготвена да продолжи да обезбедува совети и експертиза со цел Комитетот во Македонија успешно да ја заврши својата задача.

Официјален Брисел, а посебно Филе и Генералниот директорат за проширување на Унијата се посебно заинтересирани за резултатите од работата на Комитетот за истрага на ланските декемвриски настани во и околу македонското Собрание, со оглед на тоа што октомврискиот прогрес-извештај на Европската комисија во многу ќе зависи и од успехот на Комитетот да ги расчисти минатогодишните инциденти во законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска