„Ех пустото, прво беше зошто не одите први“, Заев за коментарите зошто се вакцинирале без исполнување на старосната граница

Од:

За коментарите на дел од јавноста зошто функционерите во Владата примале вакцини без соодветна старосна граница, пред хронично болните, премиерот Зоран Заев вели дека тие се вакцинираат кога веќе во државата има доволни количини за масовна имунизација. Според Заев, со неговата вакцинација, како и имунизирањето на министрите во наредните денови, се испраќа порака до граѓаните и тие да се заштитат од коронавирусот и да се пријават на vakcinacija.mk.

„Е пустото, прво беше зошто не одите први да пратите порака. Го чекавме редот, а тоа е кога ќе дојдат доволни количини за масовна вакцинација. Само преку вакцинација може да го победиме ова светско зло. Пред се гледаме таму кај нашите повозрасни родители, пријател и тн. Немам време дали се осеќам поинаку, а се осеќам одлично, добро, препорачувам вакцинација со таа вакцина која ќе дојде во ред. Така е исправно, сите вакцини се добри и потврдени. Предизвикуваат имунитет. Верувам дека брзо сите, почитувајќи го редот, ќе бидеме имунизирани“, рече Заев.

По премиерот Зоран Заев, се вакцинираше и министерот Венко Филипче. И тој по вакцинацијата кажа дека се чувствува добро. Филипче, како и Заев, ја примија вакцината на „Синофарм“. Термини за вакцина во следните 14 дена добиле и сите останати министри.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска