Едукативен карван на ДИК за гласачките права на граѓаните

Од:

Во пресрет на претстојните претседателски избори 2019 година, а со цел едукација на гласачите, Државната изборна комисија организира едукативен и информативен карван во рамки на кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Карванот во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.

За време на карванот голем број на граѓани пристапија со цел да се запознаат со своите гласачки права, начинот и значењето на остварувањето на правото на глас, како и забраните на гласачките места.

Овој пристап на ДИК се должи на заложбите на Комисијата во кампањата да оствари директна комуникација со гласачите, преку која ги пренесува клучните информации до нив.

Во рамки на карванот се делат и едукативни материјали. Секој граѓанин може да се запознае со своите права и со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук фан страната на https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/ и Твитер профилот на: https://twitter.com/izbori_mk, но и официјалната веб страна на http://www.sec.mk/.

Граѓаните за повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%