„Македонците се борат за своите правдини“, „Слободата ја сакаме, не сакаме проттекторат“, „Предлог скроен со шампањ на маса само предавник може да го гласа“ се само дел од паролите кои се закачени на заштитната ограда пред законодавниот дом каде во тек е протест против францускиот предлог.
Шатори се поставени пред Собранието пред споменикот на Никола Карев и од другата на улицата. Гражаните пејат патриотски песни, а дел пак извикуваат „предавници“.
На микрофон се пее „Едно име имаме”, а оние во шаторите на Левица го бараат нивниот лидер, Димитар Апасиев.
Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог.
Претходно на пленарна седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.