Една поинаква анализа за Мајка Тереза

Од:

Мајка Тереза: Дали заслужува да и се даде квалификација на висока човекова личност?

Почнувајќи од фактот дека и припаѓам на исламската вера, и на почетокот имам поминато низ теолошкото образование, но потоа продолжив во современите науки, сега професионално со политика, решив да го анализирам ликот на Мајка Тереза од аспект на еден човек без предрасуди, само врз основа на факти и аргументи. Бидејќи во последно време главно ги следам светските вести, различни медиуми, интелектуалци и аналитичари со светско реноме, кои зборуваат и пишуваат за личноста на Мајка Тереза, јас духовно се провоцирав за да направам една скромна анализа од моја страна за личноста на една национална албанска гордост.

Тоа што ме предизвика да напишам една кратка анализа за Мајка Терезе беше моментот додека го читав Куранот, едно кратко и многу значајно поглавје, Поглавје АСР (ВРЕМЕ) со 3 стиха, преку који Господ ги заклучува квалитетите на еден човек што е спасен и издигнат од целото општество.  Изненадувачки, во ова поглавје, чудото од Куранот се случува кога Господ се заколнува во времето и вели: ‘‘ Се заколнувам во Времето! Несомнено дека човекот  е во сигурна загуба’’. По заклетвата во времето и по предупредувањето дека човекот е во загуба, без разлика на вера, раса или јазик, Господ прави еден интересен заклучок и вели: ’’ Со исклучок на оние кои веруваа, кои правеа добри дела, кои порачаа еден на друг да се придржуваат до вистината, и кои се советуваа еден на друг да бидат трпелеви’’.

Сега се поставува прашањето, што треба еден човек да поседува за да се квалификува како висока човекова личност? Анализирајќи го ова кратко поглавје, и имајќи во предвид различните коментари на некои луѓе кои и го прават на Куранот според вкусот или моменталните интереси, јас дојдов до заклучок дега Господ пред се ги разликува луѓето врз основа на нивниот придонес што го даваат за благосостојбата на целото човештво. Затоа, пред да кажам нешто за Мајка Тереза како католичка мисионерка, сакам да ја анализирам нејзината работа според условите што Господ ги опишува во ова кратко поглавје. Се поставува прашањето, дали Мајка Тереза беше достоен верник на Господ. Без разлика на патот и светата книга со која се упати за да дојде до верата, не постои човек во светот кој може да ја оспори нејзината вера во Господ.

Во овој случај, таа го исполнува првиот услов, каде што Господ вели: „само тие кои веруваа„, и не навлегува во детали. Вториот услов што се споменува во ова поглавје е како што следува: ’’Дали има лица меѓу општеството кој може да го оспори исполнувањето на вториот услов од страна на Мајка Тереза, деке не направи добри дела посветувајќи и го целиот свој животот на сиромашните, гладните и болните? Јас верувам дека никој не може да го оспори вториот услов кој се наведува во Куран. Во врска со третиот услов, дали има човек кој може да го оспори обидот и војната на Мајка Тереза за вистината, са социјалната правда во светот?

Со една безкомпромисна војна во знак на солидарноста со најдискриминираното човештво, од право за храна, малку вода, леб и малку лекови за лекување на луѓето од различни болести. Затоа, никој не може да го оспори дека Мајка Тереза не го исполнила овој услов од Куранот. И четвртиот услов дали има човек кој може да ги оспори советите на Мајка Тереза за невидена трпеливост за да и го посвети својот живото на болните, сиромашните и гладните.  Човечките суштества само со една посета на болен, близок човек во болница, ќе се налутат и не можат да трпат, а Мајка Тереза трпеше целиот свој живот со болните и сиромашните. Човештвото, со сетто добро што го имаат во нивните палати, не е во состојба да гледаат преку медиумите за неколку секунди дека сиромшните умират од глад и болните. Тогаш, дали не го исполни Мајка Тереза и овој услов која трпеливо издржа да го помине својот живот со болните, сиромашните и гладните?

Затоа, чудото на Куранот во ова кратко поглавје стои во тоа што, Господ пред да започне да ги разликува муслиманите според нивната вера и нивните обврски кои треба да ги извршат во моментот кога го прифаќат исламот, Тој уште еднаш бара од луѓето да се приклучат во човековата димензија, да бидат добри луѓе, добри верници, трпеливи, и солидарни со целото човештво. Тој кој не ги исполнува условите за да стане добар човек, нема реални шанси да стане и добар верник. Затоа човештвото и историјата нема да ги паметат луѓето според верата, расата, јазикот, или бојата, туку според тоа дали луѓето целиот нивен живот и го посветиле на прекинот на глобалните војни, природни катастрови, смртни болести за човештвото, светскиот глад, раселените од нивните куќи, бездомниците, и така натаму. Само овие луѓе заслужуваат да бидаат вклучени во регистарот и историјата на добрите луѓе кои придонеле за доборото на целото човештво.

И овој дел ќе го заклучам со една изрека на пророкот Мухамед кој рекол: ’’ Најдобар човек е оној кој најмногу и помага но човештвото.’’ Тие кои со своите дела, со нивната работа, и помогнаа на целото човештво, нема ниту едно лице кој може да ја игнорира реалноста дека токму овие се  најдобрите луѓе, и тоа пред да бидат добри евреи, добри христијани, добри муслимани и така натаму. Овој свет е најголемиот сведок дека кога луѓето имаат потреба, тие не прашуваат на која вера и припаѓаш, каква вера имаш, каква боја имаш, но прашуваат која беше таа рака која ми понуди една капка вода за која имаше потреба, која рака понуди едно парче леб за гладните, и чија рака беше која допираше за да излечи различни смртоносни болести. Тогаш, човекот има потреба, поблиску да ја чуствува таа рака која и понуди помош, а не таа рака која рекламира дека е од оваа или таа вера, дали е бела или црна рака.

Мајка Тереза и големата борба на луѓето за да бидат сведоци и да бидат горди со блискоста која можаат да ја имаат со таква личност. Дали имаат право албанците, без разлика на вера, да се гордеат со Мајка Тереза?
Во природата на човекот, раѓањето и растот во гнездодо на семејствтото го прави да се гордее и да се бори со гордост за гнездото каде што се роди,семејството, племето, или народот на кој и припаѓа. Но, оваа не трае долго.  Човековото битие го прима семејството од каде што се родило, и изворот на се што е добро доаѓа од неговото гнездо, во племето или неговиот народ. Но со текот на времето човекот почнува да размислува малку поинаку. Во некои случаи е горд што припаѓа на тоа гнездо, племе, јазик или народ, во некои случаи почнува да се срами од своето гнездо, племе, јазик и народ на кој и припаѓа, и оваа го прави почнувајќи од неговите родители. Ако види и се уверува дека се што направиле тие во животот било дорбро, дека го пораснале и го едуцирале добро, и го хранеле со работа и пот, тој или таа за целиот нивен живот ќе се гордеат со овие родители, и со гордост ќе зборуваат за нивната припадност во ова гнездо, племе, народ и за јазикот кој го зборуваат. Но, кога се случува спротивното, кога гледа и се уверува дека се родил во криминално гнездо, од родители криминалци, криминално племе, криминален народ и со еден криминален јазик, почнува да се срами и во повеќето случаеви не сака да се идентификува, бидејќи станува голем товар кој не може да го издржи целиот живот. Затоа, гордоста на Албанците би ја поврзал со пророкот Мухамед, кој се гордееше со гнездото каде што се роди, плмемето што му припаѓање, и Арапскиот народ, и во некој случаи јавно се произнесе: ’’Јас сум Арап.’’,’’Јас и припаѓам на племето Курејш.’’, ’’Јас сум син на Абдулах и внук на Абдулмуталип кој ја пронајде водата земзем и ја стави на служба на човештвтото за да пијат вода сред пустина. Заради ова, албанците без разлика на вера и убедување, имаат право и треба да бидат горди со една жена како што беше Мајка Тереза која, цел нејзин живот помина илјадници километри и пристигна до Калкута во Индија, не да се збогати или да краде, туку да и помогне на секој кој има потреба за една капка вода, едно парче леб и една помош за болните, како и една топла рака за децата без родители. Ако еден албанец не може да се гордее со една ваква жена која се роди и израсна меѓу албанците, тогаш кажете ми, со која жена албанка треба да се гордееме?

Дали вистина Мајка Тереза беше мајка?

По природа, мајка се вика таа жена која ќе роди дете, која 9 месеци го држи во стомакот, и потоа го храни со нејзините гради, го расте и го едуцира се додека има потреба. Ова се вика биолошка мајка. Но, дали е мајка секоја жена што ќе роди, и дали може да се контестира дека не може да биде мајка секоја жена што ќе роди. Во оваа смисла, дефинирањето на жена-мајка само со раѓање ја намалува вредноста на секој човек, до тој степен што и секое животно што ќе роди треба да биде мајка. На човечки аспект, суштеството битие не познава мајка само таа што ќе роди и потоа го фрла, и го остава детето на улица. Човековите суштества мајката ја гледаат од друг агол. Секоја жена која може да и нуди можност за храна, развој, едукација, без разлика дали е нејзино родено дете или го наоѓа сираче, и го зема во нејзиниот скут и го посветува животот повеќе од една мајка која го родила. За овие деца, таа жена ќе остане вистинска мајка, една света мајка.

Затоа, без сомнение, вистинска докажана мајка може  да го држи епитетот Мајка Тереза, сака некој или не. Ова го докажуваат илјадници или милиони гладни и болни деца, оставени на улица од страна на нивните родители, од неможноста да им помагаат, или поради несвесноста што значи дете. Оваа мајка на сите им понуди допир, топлина на една мајка, во моментот кога во животот тие имаа потреба, им понуди капка вода, парче леб, и го повика светото со силен глас да се присвестат за различните катастрофи низ кои поминуваат милиони деца по светот. Тогаш е нонсенс да се каже дека оваа не може да биде мајка, но може да бидаат тие што раѓаат 3,4,5,7 деца и ги оставаат на улица да постанат криминалци, убијци, да ја вознемируваат околината, семејството, племето, селото. Ова ни било тогаш мајка? Секако дека не! Затоа, тие кои не го вкусиле животот на сираче може да збораат колку што сакаат, но дојди и убеди само едно сираче која таа го зеде во нејзиниот скут, која не го родила, но го сакаше, и се грижеше и да ги оспособи за живот. Ово дете не познава, и нема да признае ниту една мајка, освен оваа мајка која и се најде во најтешките мигови од животот, кога била фрлена во канта од биолошката мајка. Овие луѓе кои се родија и пораснаа во  топли средини со мајка и татко, им е многу лесно да зборуваат за Мајка Тереза, но им е тешко да го разберат животот на дете без родител, малтертирани и занемарени од нивните родители, од многуте војни, од бегање од други места, од немаштија, и од смртни болести кои во текот на историјата зеле милиони животи на деца. Ако овие жени кои го дадоа својот живот за благосостојба на децата во светот не  можаат да се нарекуваат мајка, тогаш оваа е само една лудост на лудаците.

Мајка Тереза католички верник

Дали имаат право католичките верници, Ватикан, конкретно Папата да се гордее со оваа верница и мисионерка. Јас велам да. Но, како прво Мајка Тереза треба да се гордее со нејзините родители од католичка вероисповед кои ја едуцираа, ја носеа во црква за да го разбере и научи основите на верата која и припаѓа. Овие луѓе работиле на формирањето на личноста на оваа жена за да еден ден биде позната како светска мисионерка. Затоа сите оџови на исламот, и мисионери од другите различни вери, не треба поради нивната кратковидност да полнат само гнев и обмраза над ваквите личности, и да ги отрујат нивните верници со една валкана пропаганда дека Мајка Тереза била ова или она, била штетна за муслимани или Исламската вера. Но, нека ги отворат очите, и нека размислат колку постигнале во нивниот круг каде што работеле. Колку овие оџови постигнале од нивните деца што ги испратиле во различни џамии да ја учаат нивната религија, вера, Исламот, Куранот? Колку постигнале да ги едуцираат правилно со цел некој/а од нив да се припреми и да прави работи од глобални размери, каде што сите ќе им завидуваат, и евреи, католици, будисти, атеисти и други. Оџовите кои напаѓаат, навредуваат и се обидуваат да ја оцрнат личноста на Мајка Тереза, сакаат на овој начин да го покриват нивната немоќ за едукација генерации и деца, верници на кој ќе им завидува светот, бидејќи историјата не започнува со Мајка Тереза и не завршува со Мајка Тереза, но светот познава многу жени од различити вери, еврејки, христијанки, муслиманки, кои се разликуваат за добрини и истакнати продонеси за човештвото воопшто. Значи, оваа е тоа што самиот Господ го бара во Куран: ’’И помогнете, конкурирајте за побожност а не за лошо и непријателство’’. Затоа, ова работа е света работата за сите мисионери биле тие свештеници, оџови и други, на светот да и понудат деца, добри  и прави едуцирани верници, за да се натпреваруваат во добрина а не во непријателство.

Мојата последна порака за сите кои сакаат да се занимаваат со анализа на феноменот Мајка Тереза, треба да го праваат тоа подалеку од својот крут ум, надвор од нивните тесни интереси, надвор од нивните навики. Никој не може да ја намали вредноста на Мајка Тереза и покрај тврдењата на луѓето за или против. Сите тие кои се занимаваат со хуманизам, различни здруженија за сираци, сиромашни или образовни, не можаат да ја намалат вредноста на една хуманиста од светски ранг, и покрај манипулациите и дневните маркетинзи. Со самиот факт што на сираците им нудат една шамија од текстил и еден пакет со малку леб, макарони и две шишиња масло, и со 10 часа реклами во различни медиуми, и со кражба од 70-80% од богатството што се наменети за сираците, во ниедна варианта немаа да успеат да го намалат вредноста на една хуманиса од калибарот на Мајка Тереза. Мајка Тереза влезе во историја бидејќи даде се од себе, а не зеде  ништо од нив. Тие кои на децата без родители, сиромашните, миграните, болните, им го земат и тоа парче леб за да им изградаат на нивните деца палати, куќи, купаат најдобри коли, топла облека, никогаш нема да влезат во историјата. Но, нивните деца ќе ги ставаат во историјата на срамот и криминалот. Такви се тие кои крадат, лажат, и сакаат да го покријат овој криминал со пцовки и навреди  врз Мајка Тереза. Дојдено е време кога луѓето, семејствата, народите ќе морат да се обидат на светот, човештовото, да и нудат многу повеќе луѓе за мирот, знаењето и хуманизмот. Помина времето кога луѓето се искачуваа до таа точка на обожување само затоа што и припаѓаше на едно племе, еден народ, или една држава. Токму таквите повеќето не успеаа, се осрамотија и жртвуваа неколку народи, племиња и луѓе. Тие кои го обожаваа Хитлер за неговите злосторства врз човештвото, на крај најголемата катастрофа и ја донесоа на својот народ и држава. Тие кои го обожаваа Сталин, трагедијата и најголемата катастрофа им ја донесоа токму на тие кои го воздигнаа, го пораснаа и им се поклонуваа на овој монструм. Сега е времето кога вистинските национални фигури треба да ги превземат нивните заслужени места во историјата, а измамниците во име на нацијата, исто така треба да го земаат тоа што го заслужуваат.

Весел Мемеди
Претседател на Национална Демократска Преродба

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска