Единствена Македонија: Зоран Заев стана потрчко на Али Ахмети

Од:

„Настаните во Македонија покажуваат дека во заднина шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата премиер согласно Уставот и законите.

Функционерите на ДУИ на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а Заев сето тоа само немо го посматра.

Терористи се вработуваат како советници во владата додека македонски уставобранители се фрлени во темните зандани во Шутка, координаторот на ДУИ спротивно на законот држи прес конференција во Собранието само на албански јазик, Али Ахмети отворено го бламира Заев дека лаже оти целиот закон за јазици е испратен во Венецијанската комисија, законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците,…а на сето ова целосен молк од Заев иако согласно законските овластувања како премиер мора да реагира.

Од друга страна, Заев продолжува со погубните антимакедонски политики најавувајќи најново дека прв ќе земе двојазичен пасош иако нема случај во современиот свет премиер на држава да има пасош и на јазикот на едно малцинство.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев неизбрани од македонскиот народ, Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев