Единствена Македонија: Заев ја срами Македонија, илинденците се бореле за национални, а не за социјални права

Од:

„Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ.

Вчерашната изјава на Заев по т.н. лидерска средба дека Илинденското востание било за социјални права, ја потресе македонската јавност. Со оваа срамна изјава Заев се обидува да го урне националниот карактер на Илинденското востание и борбата на илинденците во Османлиската држава да ја сведе на борба за социјални права, како на пример, за пензии, минимална плата, социјална помош, здравствено осигурување, за поголема цена на афионот, тутунот и слично.

Единствена Македонија и македонскиот народ нема да му дозволат на Зоран Заев да го доведе во прашање националниот карактер на Илинденското востание.

Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да ја заборават жртвата на славните Илинденци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на Македонија.

Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска