Единствена Македонија: Заев, Иванов и Мицкоски да не разговараат за предлозите на Нимиц

Од:

Единствена Македонија и македонскиот народ се длабоко вознемирени од погубното залагање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за концептот на една алтернатива наречен НАТО и ЕУ кој опфаќа промена на името и идентитетот, па „амин„ за влез во овие евроатлански фашизоидни и геноцидни организации, соопштуваат од „Единствена Македонија“.

„Дотолку повеќе, не така одамна Русија на отворена сцена јасно порача дека е спремна да понуди алтернативи за балканските земји. Во оваа насока, Единствена Македонија бара од Заев, Иванов и Мицкоски на средбата во сабота да не разговараат за предлозите на Метју Нимиц за обезличување на Македонија и Македонците, туку, да договарат радикален пресврт во спорот за името.

Оттука, Единствена Македонија ги повикува Иванов, Заев и Мицкоски да се охрабрат и во сабота да прогласат дека проблемот со името од политичко-дипломатскиот терен се префла на правниот терен и во иднина, Македонија фокусот го насочува кон Обединетите нации бидејќи внимателната анализа на меѓународното право и правото на ОН појаснува дека правно-технички на Македонија стојат на располагање четири меѓународно право-признати механизми за употрена на името – Република Македонија во Обединетите нации.

Единствена Македонија потсетува дека Иванов, Заев и Мицкоски немаат мандат од народот за промена на името, и оттука, секоја отстапка за името ќе се смета за национално предавство.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска