Единствена Македонија: Заев е кукавица кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од неговите колеги од ДУИ

Од:

„Зоран Заев е особено храбар и секојдневно ликува на нарачаните осуди на уставобранителите на затворски казни повеќе од два века.

Заев не крие дека сака масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваат инволвираните Албанци во овие случаи.

Но, Зоран Заев е кукавица и плашливец кога се работи за испитување на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Вејце, Карпалак, Љуботенски пат… а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат. За овие случаи, од страна на Заев целосен молк.

И по повод годишнината од масакрот кај Вејце во кој осуммината македонски бранители беа ѕверски убиени, Заев нема храбост најпосле да започне со расчистување со еден од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде токму расчистувањето на сомнителното загинување на македонските бранители, одговорност мора да има. Расчистувањето може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција постојат оперативни документи од кои се гледа дека убијците на македонските бранители седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?