Единствена Македонија: Заев, џабе плачеш кај странските газди по ходниците во Брисел, ти нема спас од македонскиот народ

Од:

„Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странаски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев веднаш да се врати во Татковината, и наместо во Брисел, тука во Република Македонија да ја води битката за својата влада. Недозволиво е Заев да шета по Брисле и таму да ја бламира сопствената држава.

Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел и затоа, Зоран Заев за своите политики со кои избриша се што е македонско нека се соочи со македонскиот народ, па така, со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.

Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди по ходниците во Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владее безаконие, корупуција и криминал.

Ти нема спас од македонскиот народ кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Заев: За 10-15 дена ќе имаме Влада, сите опции се отворени

Кристијан Ландов

Заев се обврзува на одговорен парламент, Спасовски очекува во законските рокови да се состави Влада

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Ана Ололовска

ВМРО реагира на интервјуто на Заев: Тој е транзициски политичар и со него нема европска иднина

А1он

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

Заев од утре на одмор, преговорите за новата влада продолжуваат по Илинден

А1он