„Единствена Македонија“: Заев да се отрезни од заблудата за едно општество кога Еди Рама зборува веќе за претседал на сите Албанци

Од:

„Единствена Македонија изразува крајна вчудоневиденост од целосниот молк на Зоран Заев по повод последните случувања за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Имено, во главниот град Скопје се славеше 17-годишнина од терористичкиот напад врз македонските безбедоносни сили и десет години од нелегалната сецесија на Косово, албанскиот премиер Еди Рама најави заеднички претседател и заедничка надворешна политика за Албанците во регионот, што севкупно укажува дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија терористите од ОВК и УЧК ќе предизвикаат кај ни заборав за „Голема Албанија“.

За Единствена Македонија нема дилема. Проектот „Голема Албанија„ мора да биде запрен, бидејќи претставува голема закана за безбедноста и мирот во Македонија како и во сите балкански држави.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се отрезни од заблудата за едно општество во услови кога Еди Рама почнува да зборува за обединување на Албанците во регионот, а екс командантите на ОНА во Маакедонија не размислваат на ништо друго освен за методите за реализација на „Голема Албанија“.

Единствена Македонија смета дека е созреан моменто Македонија да размислува за нови сојузништва, и оттука, треба се зграпчи неодамнешната понуда на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дека Русија има алтернатива за сите балкански држави“, соопштуваат од „Единствена Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?