„Единствена Македонија го осудува дрското и безобзирно лажење на Зоран Заев, кој вчера рече дека сите политички партии и 75 отсто од народот биле за влез на Македонија во НАТО.
Ова е очајнички обид на Заев да ја релативизира се по изразената јасна намера на македонскиот народ и еден дел од малцинствата за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.
Зоран Заев наместо да шири лаги, спроти утрешната посета на Никос Коѕијас да каже зошто нема посебни советници за името и со таквиот несериозен пристап ги урива македонските позиции за името како прашање од највисок национален интерес.
За споредба, грчкиот министер Никос Коѕиас доаѓа утре во Скопје со предлог-спогодба од 20 страници за името, подготвена од дури 60 советници – судии, професори по меѓународно право, искусни дипломати…кои се дел од тимот советници на грчката влада за името во изминатите 27 години, а Зоран Заев без ниту еден посебен советник за името „ќе се спротиставува„ со излитени фрази за мудрост, разум, достоинствено решение, а кои воопшто не се корисни против геноцидната политика на Грција спрема Македонија и Македонците.
Единствена Македонија го предупредува Зоран Заев да ја прекине опасната авантура за обезличување на македонскиот народ оти нема мандат за промена на името и му советуваме фокусот да го насочи кон Обединетите нации каде на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името-Република Македонија во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.