Единствена Македонија: МВР го испитува само следењето на Пендаровски, но не и следењето на Бачев од параполициски структури

Од:

„Единствена Македонија очекува од МВР да ги открие лицата кои вршат тајно следење на политичките неистомисленици за партиски потреби, а по вчерашната информација на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски дека бил следен од параполицикси структури на одредена партија.

МВР во разоткривањето на параполициските структури за следење е во законска обврска да нема селективен пристап. Бараме и очекуваме покрај за Стево Пендаровски, МВР да го расветли и следењето на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев за кого излезе документ за негово следење насловен како „Анализа за влијанието на Јанко Бачев и Единствена Македонија врз члеството на ВМРО-ДПМНЕ на терен“ а во документот стои дека е предаден лично на рака на лидерот на една политичка партија.

За Единствена Македонија нема дилема. Во државата не смее никој да биде следен за политичко-партиски потреби било од државната тајна полиција или пак од некакви параполициски структури во партиите“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари