Единствена Македонија: Марионетата Заев упорно бега од двојни избори и продолжува со безмилосна злоупотреба на буџетот

Од:

„Марионетата Зоран Заев и денес ја одложи најавената одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори како што тоа го направи на неколку пати во изминатите денови, со што покажува дека е преплашен од соочување со народот.

Преплашениот Заев очигледно веќе го губи и компасот. Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори а упорно бега од парламентарни избори и соочување со народот за историската иднина на Република Македонија.

Странскиот измеќар Зоран Заев охрабрен од своите газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку само сакаат марионети кои верно ќе служат, продолжува со злоупотреба на буџетот во пресрет на избори. Така, на пример, Заев од буџетот им даде на општините 50 милиони ера за покривање на заостанти долгови а не испита кој и како ги направил долговите, на Фондот на пензиско од буџетот му даде 19 милиони евра оти некој ги украл парите а Заев не испита кој и како украл 19 милиони евра на пензионерите и најново Заев од буџетот им исплати 2 милиони евра на лозарите од Кавадарци оти приватна фирма го зела грозјето ама не го платила а Заев не испита која приватна фирма го земала грозјето и не им го исплатила на лозарите.

Заев безмилосно го решети буџетот за партиски потреби во пресрет на изборите. Новата легална власт на Единствена Македонија која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа. Одговорност за ова мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?