Единствена Македонија: Измеќарот Заев опиен од власт не може да разбере што значи сплотеност за национален интерес

Од:

„Откако дојде до сплотеност и единство во одбрана на името и од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, и од Единствена Македонија и големиот број организации кои членуваат во „Македонија-Блокира“ и воопшто од сите сите национални и патриотски сили во земјата и дијаспората, странскиот измеќар Зоран Заев е во паника и затоа секојдневно по налог на своите странски газди плука против сплотениот македонски народ кој се бори да го спречи Заев да избрише се што е македонско.

Борбата за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ не е битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!

За жал на македонскиот народ, измеќарот Зоран Заев опиен од својата поданичка улога спрема своите странски газди и болните амбиции за власт и ненормално трупење на профит од позиција на власт не може да разбере што значи национален и државен интерес на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници