Единаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Од:

Денеска се одбележуваат единаесет години од хеликоптерската несреќа, кај село Блаце, Катлановско, во која загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

На спомен одбележјето во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, прва механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловната бригада и делегации од МО и АРМ ќе го одбележат настанот и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна. Во несреќата загинаа Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски.

Хеликоптерот МИ-17 со кој тргнаа на последниот лет требаше да слета на воениот дел од скопскиот аеродром. Спомен обележјето е поставено точно на местото каде се урна армискиот хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

(ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага

A1on

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он