На локалниот пат Ново Село – Мокриево, на влезот во селото Мокриево, струмичко, утрово околу 7 часот и 30 минути се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки излетало од патот при что на лице место починал Горан П.(31) од Ново село.
Со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник З.П. (31) од истото село, кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица е задржан за натамошно лекување.