Во Скопје од утре до 27 јуни ќе се одржува „Недела на гордоста“, која што е во контекст со глобалното одбележување на Stonewall riots и со 27. јуни како интернационален ден на гордоста, а уште непочната се највуваат контра собирања.
На Фејсбук е формирана покана за настан во која се повикува на контра-протест против правата на ЛГБТ популацијата во Македонија, наречен „Контра геј парада“. Во поканата за настанот, со говор на омраза, погрдни термини и дискредитација, се повикува граѓаните да им се спротистават на припадниците на ЛГБТ заедницата.
Не смееме да дозволиме во нашево Скопје, во нашата Македонија да се шета кортео од гејови и лезбејки. Во ниеден случај нетреба да дозволиме тие бесрамно да искочат и грозоморно да се допираат, бакнуваат и да прават други дадни работи пред очите на нас верниците, пред очите на малите деца, пред очите на старите пензионери кој мислат дека оставиле зрела иднина позади себе.
Несмееме да дозволиме тие да влезат во свет божји храм, да застанат пред олтар и да си го кажат судбоносното “да” – еден на друг или една на друга.
Не смееме да дозволиме некое мало невино дете да има две мајки за родители или пак двајца татковци.