Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Од:

Единаесет од патниците кои беа повредени во вчерашната сообраќајка во Италија добиле лекарска помош и биле пуштени дома во добра здравствена состојба, информира Министерството за надворешни работи. Дванаесеттиот патник пак, е задржан во болница во Анкона и ќе има интервенција поради добиените повреди.

„Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака. Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, велат од МНР.

Несреќата се случи вчера на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија, а во неа учествуваше и автобус на туристичка агенција од Македонија. Во неа на лице место починал возачот на автобусот Р. И. (1965 година), додека македонските државјани завршија со полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Влезот во Венеција може да чини и до 50 евра

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он

Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Горан Наумовски