Еден месец по автобуската несреќа во Бугарија, истрагата би требало да заврши до викендов

Од:

Еден месец од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани, а седуммина беа повредени. Бугарските истражни служби најавуваат дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември.

Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен.

– Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 километри на час. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов.

Тој нагласи и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, појаснувајќи дека тие можеби придонеле за неа, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.

Истрагата досега покажува дека автобусот од се уште непозната причина скршнал вдесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги дели двете ленти на автопатот.

Увидот на бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи на местото на инцидентот покажа дека тротоарот е во одлична состојба, но ознаката е дотраена, а не е извршена и пролетната наредба за негово реновирање.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија што се случи на 23 ноември загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021