Еден месец има Мухамед Зекири да се опорави психички и да почне неговото судење

Од:

Денеска повторно беше одложено судењето за екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, поради дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот. Сепак судот, иако по барање на адвокатите и по увид во вештачењето од психијатарот, го уважи барањето за повторно одлагање, постави рок и веќе закажа ново рочиште.

Еден месец има Мухамед Зеќири да заздрави и да му се поправи психичката состојба бидејќи новото судење е закажано за точно еден месец од денеска, односно на 13 април.

Инаку денешното одложување дојде откако судот го доби вештачењето од психијатрите „До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, пишува во соопштението на Кривичниот суд.

Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 1 милион евра.

На Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.

Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува