ЕЦПР: Владата да прекине со блокирање на граѓани кои ја напуштаат Македонија

Од:

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) испрати отворено писмо до националните и меѓународните власти, изразувајќи ја загриженоста околу континуираните превентивни мерки на владата кон своите граѓани, кои не дозволуваат напуштање на државата, особено мерки кон Ромите кои беа депортирани или осомничени како потенцијални баратели на азил.

Од ЕЦПР истакнуваат дека ваквите практики не се во согласност со одлуката на Уставниот Суд донесена на 25ти Јуни 2014 година, со која се прогласи дека ограничувањата на правото да се напушти сопствената земја се неуставни.

Без разлика на донесената одлука, ЕЦПР документирала случаи каде Министерството за внатрешни работи донело решение за одземање на патните исправи, што е спротивно на горенаведената одлука на Уставниот Суд. Дополнително, ЕЦПР документирала и нови незаконски рестрикции т.е. недозволување на депортираните граѓани да ја напуштат земјата со нивните лични карти како документ за патување, кога станува збор за патување до соседни земји.

– Ако македонските власти се загрижени дека македонските граѓани (особено Ромите) ќе патуваат во други земји да бараат азил или живеат и работат без дозвола, наместо да им ги ограничат фундаменталните права на граѓаните, тие треба да ги адресираат причините што ги мотивираат луѓето да ја напуштат својата земја: сиромаштијата, социјалната исклученост и повреда на нивните фундаментални права. Барањето на право на азил е фундаментално право и значителен број на баратели на азил од Македонија е индикатор кој покажува дека проблемот не може да се реши со спречување на луѓето да си ги остварат фундаменталните права – се вели во соопштението.

ЕЦПР ги повикува релевантните фактори, особено Министерството за внатрешни работи целосно да ја почитуваат и придружуваат кон одлуката на Уставниот Суд, како и да ги вратат одземените пасоши на сите македонски граѓани кои беа засегнати со незаконските одредби.

Би можело да ве интересира

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска

Од Русија избегаа во Америка, наместо во ветената земја завршија во притвор

Горан Наумовски

Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти

Сè повеќе Украинци бараат азил во Европската унија

Жарко Настоски

Албанците први во Европа и четврти во светот по барање азил, претседателот Мета вели: Доста е

Жарко Настоски

Барањата за азил во ЕУ зголемени за 13 отсто во третиот квартал

Ана Ололовска