А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Џолев: Судот не може самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството

by А1он13/11/2018 - 15:12192
Share0

Не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството. Во случајот „Тенк“ од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посочи дека двата пасоши на Никола Груевски и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени и определена е мерката јавување во предметот „Титаник“, додека во предметот „Тенк“ нема никаков предлог ниту за обезбедување на некаков имот, ниту предлог за некакви си мерка за обезбедување негово присуство.

– МВР точно е дека постапува согласно наредбите и решенијата коишто ги носи Судот, меѓутоа не треба да заборавиме дека постапува и согласно наредби коишто се даваат од страна на Обвинителството, како и самоиницијативно кога станува збор за сузбивање на криминал или спречување еве во конкретниов случај некое лице без пасош да ја напушти нелегално државата доколку се воспостави дека такво нешто се случува, појасни Џолев.

Во однос на објавата на фејсбук-профилот на поранешниот премиерот Никола Груевски во која вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти, Џолев рече дека тоа треба надлежните државни органи најпрвин да го утврдат од каде е воспоставен линкот, дали станува збор за преусмерување на истрагата и слично.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта, и за тоа го извести судијата за извршување санкции, судијата веднаш ќе издаде наредба за распишување на меѓународна потерница, посочи Џолев.

gruevskisudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски30/12/2025 - 17:0430/12/2025 - 17:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто