Мерлинд, Худини , Коперфилд абе сите овие магионичари заедно да се соберат можат вода да му носат на Груевски. Па тоа фрчеле сеанси, убедувања, феноменален вокабулар, се во знакот на демохристијанските правила на ДРПМНЕ, секоја чест. Па добро бе пријатели дали можете да сфатите каков ум поседува некој човек кој совет бара од бајачки и врачари? Или постои и уште една варијанта дека човек кој оди по такви работи ептен има мака ама психијатриска. Ми текнува моментот кога ми раскажуваа старите приказни за да не заплашат нас децата за да си легнеме, дека постоеле духови или баба роги и сеа си помислувам па зошто не го повикал духот на Александар Македонски да му помогне како да ги реши сите ситуации во државата, овој тиран за да не исплаши сите нас, можеби го повикал Иван Грозни не се знае па дури и си го тепаше и мачеше сопствениот народ, можеби некој дух такво нешто му кажал или па бајачката. А како да ги изнесува и краде парите кој му кажуваше?
На овој народ, мене и на моите колеги најбитното нешто ни е здравството. Кога ќе се присетам дека кога дојде оној дел каде бајачката го спомнува џиуџицу Николче залутаниот министер, морници ме полазија и го преслушав ама минимум пет пати истото. Да се разбереме, не станува збор за крпење или шиење самари па да се научи нештото, медицината е занает ама со огромна одговорност бидејќи се работи за животи а не за арматура, бетон, цигли, моливи, пенкала и што ли уште не, нас не води човек кој ќе го научел тоа, па добро кој нормален човек би останал рамнодушен на вакво нешто? Груевски го остави да се учи, да се губат човечки животи, да нема лек ни за лек, да нема инсулини, цитостатици, завои, игли, т.е со еден збор да нема ништо. Да не стигматизира нас лекарите и да не претстави како крвопијци, криминалци и да не деградира па ако продолжеше овој кошмар може и јавни бесења да ни организира на плоштад. Можам само да си претставам каде овие психијатриски случаеви заедно фатени за раце привикуваат духови, се служат со окултизам и решаваат државни проблеми зад затворени врати во доцни вечерни саати и утре опа свикуваат прес и викаат еве ние решивме дека сме број еден во Европа, водечка еконимија, брз раст и развој во сите сфери и народот се чуди и се воодушевува, овации, благосостојба, ќе градиме летечки барок, фасади, коњи, крокодили, преродба во илјадници денови а понатаму од камерите, народот копа по контејнерите и се моли за корка леб.
Секоја чест на бајачката. Ама како барем не го подучи како да го оправи здравството, туку го остави да сме му заморчиња во овој окултен експеримент? Можеби ќе дадат нов проект кој ќе е смислен во чаробната барокна кула седиштето на ДРПМНЕ, купување два милиони кристални кугли и реформа секој град, секое село по една бајачка, што ќе им е модерна медицина и апаратура. Па поглавицата заедно со бајачката ќе го лекува народот со тепање по глава со посебен ритуал и третман а да и чад насекаде и трева. Марихуана и огин, врв. Народе мој времето полека се покажа, откри и ќе открива. Нам ни преостанува сите сплотени да излеземе на улиците да си ја земеме слободата во свои раце, бидејќи нас не не водат свесни и нормални луѓе, нас не водат нелуѓе кои немаат верба ни во бога а бога ми и во самите себе си.
Следува период каде повторно ќе бараат начин да го исцицаат ем народот ем нас лекарите, ќе измислат нови начини на собирање арач и казни, дали ќе им помине зависи од целата наша нација која е на работ на преживување а и одселување. На нас лекарите ни следува период во кој ќе мора да покажеме сложност и истрајност, сфативме се надевам дека ова што ни се случува овие шест години во историјата на Македонската медицина не било ниту треба да биде, оваа е едно лудило кое овие окултисти го направија да народот престане да верува на нашата фела и се врати на бајачките и треварите. Затоа нам не ни треба Џејмс Тодороф кој е инструиран од некој кој е во рамките на психијатриските случаи па е пуштен да се изживува над нас нам ни треба заедништво кое ние ќе го диктираме за спас на нашиот народ и на нашата фела. Да се исправиме гордо, раме до раме и да го кренеме повторно нашиот глас и да ја сочуваме нашата татковина и народот бидејќи ние сме чувари на здравјето и поколенијата а не Џејмс Тодороф.
Д-р. Ангелчо Андоновски