Џамбаски идната недела доаѓа во Скопје – Бугарскиот европратеник кој е на „црната листа“ е дел од делегација на Брисел

Од:

Следната недела во Скопје делегација на Европскиот парламент во која се и двајца бугарски европратеници ќе се сретне со претставници на македонското Собрание, јави БГНЕС.

Минатата недела граничните власти на преминот Ново Село не го пуштија да влезе европратеникот Андреј Ковачев поради тоа што патувал со четири лица кои се на списокот на МВР со лица кои не ги исполнуваат условите за влез во нашата земја, список кој Бугарија го претстави како „црна листа“.

„Кон крајот на јанури годинава почна да се шпекулира дека Македонија подготвува црна листа за бугарски и европски граѓани кои немаат право да влезат во Македонија врз основа на тоа што не ја признаваат македонскиот идентитет и јазик. Во тој список кој официјално не е потврден, влегуваме јас, Ангел Џамбаски и Милан Врабевски“, рече за БГНЕС, европратеникот Андреј Ковачев.

Подоцна се појави информација дека претседателот Стево Пендаровски настојувал да има таков список, пишуваат бугарски медиуми додавајќи дека тој наводно имал средба со државниот врв за да се изготви таква листа.

„Не верував дека тоа е вистина“, рече Ковачев кој беше спречен да влезе во Ново Село, Струмица поради тоа што бил во системот.

Следната недела Скопје ќе биде домаќин на редовна седница помеѓу парламентарни делегации од ЕУ и Собранието на РСМ, а во евроделегацијата Бугарија ќе ја претставуваат Ангел Џамбаски и Александар Јорданов. Еден од нив е на листата на лица кои имаат забрана за влез.

„Македонија треба јасно да каже дали го поддржува тој список, кога е направен и по чија иницијатива, врз основа на што се одлучува кој да влезе во него и дали тие ќе продолжат со практикувањето на црни листи на границите“, рече Андреј Ковачев.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

ДУИ: Владата да го донесе Законот за рестриктивни мерки, секое одложување е чин на предавство кон граѓаните

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки