Џафери: Уставните измени ќе се гласаат на 15 јануари

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека денеска завршуваат јавните дискусии за уставните амандмани и дека очекува владата да ги достави Собранието за потоа на 17 декември да ја свика комисијата за уставни прашања каде ќе може пратениците да предложат амандмани на амандманите.

Целиот процес според Џафери би требало да заврши до средината на јануари, а како најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени.

Во последната фаза за гласање на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство.

Џафери ова го изјави по средбата со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери рече дека таа не е во смисла дека некој не верува во некого туку се однесува на сите постапки и случувања околу функционирањето на институциите и затоа е веројатно апeлот да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“