(ВИДЕО) Џафери: Седницата беше прекината поради однесувањето на Мухамед Зекири

Од:

Седницата е прекината затоа што помина полноќ и поради однесувањето на пратениците, посебно поради однесувањето на Мухамед Зекири, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери негира дека го спасил Вељаноски, тој појасни дека сега со вчерашните случувања, нема правни дејствија т.е останува имунитетот, а процедурите во судската постапка продолжуваат.

-На секому е јасно дека Џафери е личност која нема да води Собрание под диктат, туку по Уставот. Секој што има дилема за процедурите има соодветна можност да провери, додека сум претседател никој не може да го узурпира или да ја попречи работата на Собранието. Тие што се повикуваат на мене заради свои прпопусти во одлуките нека се преиспитаат, рече Џафери.

Комисијата не поднесе предлог-заклучок и како такво Собранието немаше предмет на одлучување, вели Џафери. Никој нема право да го прогласи за виновен некого надвор од постапките, тоа значи мешаење во друга власта.

-Немам намера да се правдам преку прес-конференции, се има во архивата и документите, рече Џафери.

За имунитетот на Љупчо Димовски вели дека седницата била прекината поради немање кворум и рокот изминал и за таа седница, додаде претседателот на Собранието.

Галена Николовска-Ризванoвиќ

 

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска