Џафери се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Финска во Република Македонија, Перти Иконен.

Собраниската служба за информирање соопшти дека Џафери изразил благодарност за континуираната поддршка што Република Финска ѝ ја дава на Република Македонија на планот на евроинтеграциите и истакнал дека интерес на Собранието на Република Македонија е да се интензивира билатералната парламентарна соработка и со таа цел наскоро, како и во сите досегашни парламентарни мандати, ќе се формира пратеничка група за соработка со Парламентот на Финска.

Бил изразен и интерес за продлабочување на соработката на ниво на работни тела и размена на искуства, како поддршка за нашите европски интеграции, а добрите пријателски односи биле оценети како добра основа за проширување и на економската соработка.

Во контекст на НАТО, како што се наведува, била поздравена соработката во рамките на Партнерството за мир, имајќи предвид дека иако не е полноправна членка на Алијансата, Финска е еден од најактивните партнери и ценет придонесувач за операциите и мисиите предводени од НАТО на Балканот и во Авганистан.

Амбасадорот Иконен му упатил честитки на Џафери за неговиот избор и ги поздравил заложбите на новата власт за интензивно продолжување по патот на евроатланските интеграции. Тој ја повторил подготвеноста на неговата држава да понуди конкретна помош и информирал за започнати проекти со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Двајцата соговорници споделиле мислења и за актуелните состојби во регионот и се согласиле дека воспоставувањето директни контакти е најдобриот начин за надминување на предизвиците меѓу државите.

Би можело да ве интересира

Захарова „збесна“ после изјавата на Стуб за Русија: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Стуб прогласи победата на Финска во војната со СССР, Москва остро реагираше

Претседателот на Финска: Путин го доживеа најголемиот стратешки неуспех во модерната историја

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во Финска: Напад во трговски центар, избодени се повеќе граѓани

Горан Наумовски

Се судрија два хеликоптери во Финска, никој не ја преживеа несреќата

ВИДЕО: Русија трупа војска на границата со Финска