Џафери ќе го достави составот на техничката влада, гласањето во Собрание утре

Од:

Мандатарот на идната техничка влада, Талат Џафери денеска се очекува до Собранието да го достави составот и програмата на идната техничка влада. Според најавите, пленарната седница за избор на преодната влада треба да се одржи в недела, но од собраниската прес-служба, поточни информации за терминот за одржување на седницата најавуваат за денеска попладне.

Техничката влада се избира на 100 дена до парламентарните избори закажани за 8 мај, а ќе функционира до изборот на новата влада.

Вчера, Собранието во рамки на 139. седница ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери, а во рамки на седницата пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието.

Во состав на преодната влада, прв заменик премиер на Владата, според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, ќе биде Бојан Маричиќ, кој исто таа останува и вицепремиер за европски прашања, додека Артан Груби кој досега ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем, ќе биде министер за политички систем.

На опозицијата и припаѓаат министерските места во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика и дополнителни заменички места во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ на овие места ги предложи се Панче Тошковски за технички министер за внатрешни работи и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Познати се и имињата на министрите и дополнителните заменици министри кои доаѓаат од редовите на СДСМ. Актуелниот шеф на Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев е кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а на министерските места во култура, животна средина, транспорт, одбрана и земјоделство предложени се досегашните министри.

За дополнителни заменици министри од редовите на СДСМ предложени се Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Маја Манолева во Министерството за здравство, Александар Бајдески во Министерството за информатичко општество и администрација, Филип Николовски во Министерството за финансии и Мики Крстев во Министерството за локална самоуправа. За дополнителен заменик министер за труд и социјална политика предложена е досегашната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

ДУИ и Алијанса на Албанците потврдија дека остануваат со истите кадри.

Би можело да ве интересира

Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Катерина Ѓуровски

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов