• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: A1on
Македонија

Џафери ја извади од фиока својата интерпелација: Пратениците ќе гласаат за недоверба на собранискиот спикер

by A1on30/06/2022 - 11:4030/06/2022 - 13:07533
Share0

Почна 77-та пленарна седница во Собранието, на која единствена точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Добивај вести на вибер

Интерпелацијата за собранискиот спикер ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ на 30 мај, а Џафери го запази рокот во Деловникот и закажа седница.

„Многупати бев обвинуван дека интерпелациите ги држам во фиока. Затоа денес е таа на дневен ред. Поради фактот што има многу пратеници за збор, процесот ќе трае до исцрпувањето на листата на пријавени за збор, но мора да се одлучи по интерпелацијата најдоцна до полноќ. Со седницата ќе заседава потпретседателот на Собранието. Денес ми го дадоа писмото во кое се образложува интерпелацијата, а барањето е готово пред еден месец. Не знам зошто првиот потписник Антонио Милошоски се јавил последен за збор“, рече Џафери во воведното обраќање.

Во согласност со член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полоноќ. Претседателот на Собранието, Џафери, на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.

interpelacijasobranietalat dzaferiмакедонија

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен