Џафери: Иванов да му го даде мандатот на Заев

Од:

Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, во интервју за косовската ТВ Дукаѓини истакна дека претседателот Ѓорге Иванов треба да му го довери мандатот за формирање на новата влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

Тој во емисијата „Инфобокс“ на РТВ Дукаѓин, изјави дека Иванов не ја игра улогата на државник, бидејќи според него тој е под влијание на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иванов треба да размислува за она што е демократска и парламентарна пракса. Тој треба да работи врз основа на тоа, а не да ги извршува партиските налози на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Џафери.

Според информациите што ги објавуваа медиумите, Талат Џафери во евентуалната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ беше споменуван како наследник на Трајко Вељановски, односно како претседател на Собранието.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница