Џафери со делегација од Светската организација на Ромите: Амди Бајрам номиниран за претседател на Европска Ромска партија

Од:

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери оствари средба со делегација на Светската организација на Ромите, предводена од претседателот и амбасадорот за мир, Јован Дамјановиќ, заменик-претседателот Дејвид Романо и членот на Комисијата за европски прашања, Ивица Петровиќ.

Џафери, посакувајќи им добредојде на гостите во Република Македонија и во Собранието истакна дека Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој истакна дека има аспекти кои што треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.

Дамјановиќ истакна дека му претставува задоволство што е во Република Македонија, држава чии граѓани уште одамна ги прифатиле Ромите како еднакви сограѓани, држава која е единствена во регионот со ромска општина, држава која е редок пример и за многу поразвиени држави во Европа, заради фактот што одамна има пратеник од Ромската заедница во своето Собрание.

Дополнително, тој се осврна на намерата за формирање на Европска Ромска партија, за чиј претседател е номиниран Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот каде треба и да се стремат. Дамјановиќ нагласи дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател, ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.

Џафери им посака успех во работата на гостите, истакна дека Бајрам ја има поддршката од него и од Собранието и изрази задоволство што токму пратеник од Собранието на Република Македонија е номиниран за претседател.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител