(ВИДЕО) Шилегов: Град Скопје ќе почне да работи во две смени

Од:

Од следната недела во бараката број 16 во Град Скопје ќе се работи двосменски, од 7:30 до 19:30 часот. Во текот на работењето ќе има две паузи, од 11:30 до 12 часот и од 14:30 до 15 часот.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Граѓаните во барака 16 можат да регулираат данок на промет, наследство и подарок, данок на имот и комунална такса-фирмарина.

– Работиме интензивно веќе на подготвување на реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности кои се врзани и со градската адиминстрација да ги извршуваат и на шалтерите на централната власт и на скопските општини со цел услугите кои ги дава Град Скопје да бидат транспаренти, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин, рече Шилегов. Додаде дека ова е едно од изборните ветувања.

Тој потенцира дека ова е почеток на работење на новата градска администрација. Најави дека наскоро ќе бидат презентирани активностите кои ги преземаат со цел да се подобри услугата и транспарентноста на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски