Двојно зголемена потрошувачката на вода во Кочани

Од:

Двојно е зголемена потрошувачката на вода од градскиот водовод на Кочани поради високите температури во текот на овој месец.

Ова го истакнува Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани кое стопанисува со водоснабдителниот систем на Кочани во анализата направена за зголеменета потрошувачка на вода. Трошењето на вода, како што се наведува, е најголемо во вечерните часови кога се полеваат бавчите и градините.

– Бунарскиот систем кај село Грдовци, од кој со здрава вода за пиење се снабдуваат жителите на Кочани и на уште шест населени места е во добра кондиција. Издашноста на бунарите ги дава потребните количини на вода за пиење. До граѓаните секојдневно се испорачуваат и до 200 литри вода во секунда, со што дневната потрошувачка на вода достигнува и до 16 илјади метри кубни вода, информира „Водовод“.

Во последните десетина дена е забележан дефект на водоводната мрежа во одделни делови на градот, посебно во повисоките зони, кои по интеревенцијата на екипи од „Водовод“ се отстранети. Од претпријатието наведуваат дека и понатаму продолжува кражбата на вода од страна на несовесни граѓани кои предизвикуваат и штети во системот за водоснабдување.

Со цел да се стабилизира состојбата со водоснабдувањето во Кочани, „Водовод“ денеска упати повик до сите жители на општината кои го користат водоснабдителниот систем за рационално користење на водата.

– Се повикуваат граѓаните на општина Кочани, корисници на услугата за вода од КЈП „Водовод“ – Кочани на рационално и наменско користење на расположливите количини на вода. Поради моменталните состојби, од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани ќе се преземат мерки со посета на терен, опомена на лицата и санкционирање на несоодветното користење, апелира „Водовод“.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно