Движењето за Национално Единство на Турците изразува длабока загриженост поради зачестените инцидентни напади врз граѓани и функционери на опозицијата. Особено енергично го осудуваме физичкиот напад врз Председателот на Општинската Организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.
Бараме од властите најбрзо да ги најде напаѓачите и ги предаде на рацете на правдата. Овие насилни дејства имаат за цел попречување на демократските процеси во земјата за обелоданување на вистината за Македонија. ДНЕТ целосно ги подржува сите напори за воспоставување на дијалог, за враќање на земјата во нормален колосек.
При тоа искрено жалиме за непостоење на политичка култура и демократски капацитет на властите за состојбите во земјата. Нашите заложби за правна држава и владеење на правото продолжуваат.