Движењето Беса поднесе кривична пријава против АВМУ

Од:

Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба ма службена должност.

За поднесувањето на кривичната пријава информира преку објава со Фејсбук статус генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.
– Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година. На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби, истакнува Хоџа.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми