Движење ЗНАМ – За наша Македонија: Додека СДСМ ја продаваше државата, Максим зборуваше гласно

Од:

Кога немаат проекти, нудат лаги. Кога немаат визија шират конструкции. Кога ја изгубија довербата, сакаат да го убијат карактерот. Токму тоа е СДСМ денес – партија во пад, партија во паника. И затоа повторно и повторно се обидуваат да го оцрнат човекот кој стана синоним за отпор, за храброст и за народната поддршка-Максим Димитриевски, велат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Од партијата велат дека додека тие ја продаваа државата, Максим зборуваше гласно.

„Да бидеме јасни: Денеска СДСМ повторно изнесуваат исти информации за наводен криминал на градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша
Македонија, Максим Димитриевски.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија уште еднаш ги повикува институциите да постапат и да утврдат дали се вистинити и точни обвинувањата кои што по трет пат на прес конференции ги изнесува СДСМ. ЗНАМ уште еднаш потенцира дека обвинувањата се неосновани, а особено поради фактот што за дел од нив веќе има правосилна судска пресуда со која беа осудени, се извинија и платија штета, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и
поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска.

Редно е СДСМ да ги научи грешките од минатото и вината да ја побара во сопствените редови. Изгубија на локалните избори во 2021 година во Куманово, а катастрофално ќе изгубат и на овие локални избори во Куманово и во цела Македонија. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која се залага за правда и
еднаквост на сите пред законите.

Секој што ќе направи криминал треба да одговара и институциите се должни да постапат и да ја утврдат фактичката состојба. И во овој случај уште еднаш ги повикуваме надлежните органи на истрагата да отворат постапка, иако знаеме дека веќе имаат водено, и доколку утврдат било каква неправилност да побараат одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски