Двесте војници на АРМ ќе ги возат министрите на ОБСЕ

Од:

Двесте војници се ангажирани како возачи кои ќе ги возат делегациите на повеќе од 70 министри за надворешни работи на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

Војниците од АРМ поминале специјални курсеви во Министерството за внатрешни работи поради стандардите на ОБСЕ за вакви настани.

Министерството за надворешни работи за потребите на самитот склучи рамковен договор од околу 900.000 евра за изнајмување на автомобили за возење на дипломатите, но според Османи, тие пари ќе почнат да се трошат откако ќе се исцрпат сите можности со ангажирање на возила од институциите и министерствата.

– Во однос на возилата, сите стандарди се утврдени и мора да имаме обезбедено возило за секоја делегација. Договорот е рамковен и утврдена е цена по возило и по ден, а министерството нема обврска да ги користи сите возила, туку само ако има потреба и откако ќе ги исцрпиме сите возила од Службата за општи работи и министерства. Агенциите беа комуницирани и имаше само една понуда за жал, но тоа прашајте ги нив, ние имавме законска процедура и цените ги утврдува понудувачот – објасни министерот Османи.

Договорот склучен во два дела е веќе објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ со кое годинава претседава Македонија.

Според рамковниот договор, изнајмување на комбиња за осум патници и на минибус за 20 патници ќе чини дневно по 19.200 денари без ДДВ, односно до 29.000 денари на ден за ВИП автомобил кој според спецификациите на ОБСЕ треба има минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 кубици и моќност од најмалку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година, пишува во јавната набавка.

Би можело да ве интересира

САД испраќаат 200 војници во Израел за следење на мирот

Горан Наумовски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Данска во состојба на готовност: Армијата итно ги повикува резервистите

Путин нареди регрутација на 135.000 граѓани на Русија

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

(ВИДЕО) Американците војници по наредба на Трамп нападнаа брод во Карибите