Две жртви во сообраќајка на мотоцикли кај село Мрзенци

Од:

Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.

Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Би можело да ве интересира

Возач кој излетал од патот Велес-Штип спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112

Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Две лица повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров

Автомобил удри тинејџер на Партизанска и избега

Искра Манојлоска

Прегазен човек на пешачки премин во Дебар Маало

Искра Манојлоска

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

А1он