Две сообраќајки во Тетовско

Од:

Две сообраќајки во кои се повредени вкупно четири лица се случиле вчера во Тетовско, информира денеска Секторот за внатрешни работи (СВР).

Како што соопшти портпаролот на СВР Марјан Јосифовски, во несреќата околу 17 часот и 30 минути на локалниот пат во Желино, од мотоцикл е удрено петгодишно девојче кое здобило скршеница на десната нога и веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница од каде, по укажаната помош е задржано на натамошно лекување. Мотоциклот го управувал Д.Б. (24) од Желино.

Полицијата извршила увид и работи на утврдување на сите околности околу несреќата. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е невнимтелното преминување на патот од страна на девојчето.

Другата сообраќајка се случила околу 13 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Боговиње во селото Пирок. Се удриле Мерцедес со швајцарски регистарски таблички управуван од Б.И.(37) од Долно Палчиште, Форд Фиеста со тетовски регистарски таблички управуван од Б.К.(30) од Милетино и Мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од Ф.И.(62) од Долно Палчиште.

Во несреќата возачите на Фордот и Мерцедесот со тетовски регистарски таблички, како и 34 годишна сопатничка од Фордот се здобиле со телесни повреди и веднаш биле префрлени во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош, на лекување бил задржан само возачот на Мерцедесот со тетовски таблички Ф.И.(62) од Долно Палчиште.

Полицијата извршила увид и според првичните податоци, причина за сообраќајката е недржење страна. Вкупната материјална штета се проценува на околу 150 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Две сообраќајки во тетовско

Од:

Две сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден се случиле во тетовски. Повредени се четири лица, а причинета е материјална штета од 200 илјади денари, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата незгода се случила вчера околу 9 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на „ИГМ Вратница“ при што товарно моторно возило „Форд транзит“ со тетовски регистерски таблици управувано од С.Ш (21) од Теново загубило контрола, удрило во карпа и се превртело.

– Во несреќата возачот С.Ш задобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно е пренесен на скопските клиники. Извршен е увид на местото на несреќата, се расветлува причината и се друго поврзано со истата. Првично, причина е неприлагодена брзина додека материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари рече Јосифовски.

Втората сообраќајна незгода се случила вчера вечерта околу 23 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово при што во неа учествувале две, односно три возила, „Шевролет авео“ со тетовски таблици управуван од Н.К (51) од Тетово, „Фиат браво“ што го управувал В.И (20) од Лавце и паркиран „Голф“, сопственост на тетовецот А.А (36).

– Возилото „Фиат“ престигнувајќи удрило во „Шевролетот“ и се превртело додека „Шевролетот“ удрил во „Голфот“. Од удирањето возачите на двете патнички возила и сопатничката во „Шевролетот“ Н.Д (21) од Тетово задобиле телесни повреди и пренесени се во тетовската клиничка болница, а потоа се пуштени на домашно лекување. По извршениот увид се расветлуваат причините за несреќата во која вкупната материјална штета се проценува на околу 150 илјади денари, изјави Јосифовски. 

Би можело да ве интересира

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ