Две седници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе ги одржи 5-та и 29-та седница.

На петтата седница АВМУ ќе го разгледа образложение од ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ за постапувањето на медиумот во врска со покренатата постапка за одземање на дозволата.

Членовите на АВМУ, пак, во рамки на 29-та седница, ќе расправаат Предлог-одлуката за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ, Предлогот за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, како и Предлогот за изрекување мерка-јавна опомена на ТРД АЉБАНА ПЛУС од Куманово.

АВМУ на оваа седница ќе го разгледа и Предлог-правилникот за изменување на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

АВМУ со поддршка на протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство

АВМУ: Недолични се зборовите што пратеникот Димитар Апасиев ги упати кон новинарот Љупчо Златев на социјалните мрежи

Ана Ололовска

АВМУ: Неприфатлив е недоличниот однос на министерот Бектеши кон новинарката на ТВ Канал 5

АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

АВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Ана Ололовска